Сите наши сознанија тргнуваат од себељубието и желбата за слава. Секој потајно копнее за признание од светот, а забораваме дека само очекувањата болат и ништо друго. Дури и физичката болка е минлива. Толку сме заслепени во тоа, што забораваме да се сакаме и самите себеси, а да не говориме за љубов кон другите.
Веќе и да го нема гласот со кој се изговара најубавиот збор - „ТЕ САКАМ!“
Кога последен пат сме кажале „ТЕ САКАМ“, на било кого и за било што?
И тогаш, со каква желба сме во исчекување, некој да ни каже „ТЕ САКАМ !“ Зборот „ТЕ САКАМ“ , е љубов која се мултиплицира и се распрснува на сите страни за повторно да ни се врати.
Уште денес кажете си ТЕ САКАМ, а потоа:
- кажете им на вашите најмили , - кажете им на вашите пријатели и непријатели, - кажете му на секој Македонец, - кажете им на сите кои ја сакаат Библиска Македонија, - кажете му секому кој ja сака оваа Планета, - кажете му на секој човек, - кажете им на сите оние кои патуваат во овој величенствен миг со вас , по патот наречен ЖИВОТ! Уште денес испратете ја оваа порака како безвремена ЉУБОВ на оние кои ги почитувате, а тие оваа мисла преточена во енергија ќе ја препратат до оние кои тие ги почитуваат, и се така до бескрај, за да се засакаме сите на оваа ПЛАНЕТА!
До тебе кој ова го читаш, Со љубов од Ниче – Македон
Водата ја пиеме секој ден, но понекогаш некој треба да не потсети на неа за да не ја заборавиме нејзината вистинска вредност!
Водата
е еден од основните елементи од кој е изграден светот и животот што опстојува
на него. Отсекогаш постои дилемата зошто од сите планети кои се наоѓаат во
Сончевиот систем, само на Земјата има вода во толку голема количина. Општо
познато е дека таа се среќава во три агрегатни состојби, и единствено таа
спротивно реагира на топлината од сите останати материи – на топло се шири, а
на ладно се собира. Околу 5/8 од вкупната површина на Земјата отпаѓаат на оваа
скапоцена течност. Водата ни дава живот и без неа тој е невозможен. Со голема
почит треба да се однесуваме кон водата, затоа што таа претставува многу важен
елемент за нашиот опстанок. Но, без разлика што огромна површина од земјината
топка се наоѓа под вода, само 1% од неа е подобна за пиење. Затоа мора да ја
чуваме и да не ја загадуваме!
Околу
5 милиони луѓе годишно умираат од болести предизвикани од загадена вода. Таа
бројка е дури 10 пати поголема од вкупниот број луѓе загинати во војните што се
водат на Земјава. Нашето тело е составено од околу 80% вода. Дневно, човекот во
својот организам може да внесе и до 2,5 л. вода. Исто така, околу 1,5 л вода
организмот може да впие преку кожата, при туширање, пливање итн.
Водата
има свои вибрации, енергија и меморија. Познато е дека енергијата најдобро се пренесува
преку водата. Според некои научници, водата создава 2 милијарди вибрации во
секунда и таа е во постојано движење – од моментот на влегување во организмот,
сè до моментот на излегување од него. Сè што постои во природата, поседува
одредени вибрации, кои лесно се пренесуваат на други тела. Тие вибрации се
позитивни или негативни, во зависност од тоа дали се упатуваат добри или лоши
мисли. Ако на водата и се упатат позитивни мисли, таа ќе ги прифати добрите
вибрации и притоа се менуваат вибрациите во нејзините молекули. Водата реагира
и ја менува својата енергија и структура врз основа на различни вибрации на
емоции, звуци и светлина.
Правени
се испитувања на вода од недопрените предели на Венецуела, при што е правена
споредба со обичната, хемиски третирана, вода. чистата вода имала 40 000 пати
поголема енергетска активност од обичната. Токму поради ова, оние кои пијат
изворска (чиста) вода се енергетски поактивни од останатите луѓе. Луѓето не
можат да направат разлика меѓу природната и „мртвата“ (хлорирана) вода, додека
животните можат. Доколку во два различни сада ставите изворска и вода од
водоводната мрежа, тие секогаш ја избираат природната.
Јапонскиот
истражувач Масару Емото во книгата „Вистинската моќ на водата“ мошне сликовито
ги опишал испитувањата што тој ги вршел. Неговите експерименти се состоеле од
тоа што тој врз водата го испитувал менувањето на кристалните форми кои се
создавале како резултат на вибрациите упатувани по пат на мисли. Имено, на
неколку чаши полни со обична дестилирана вода, биле упатувани добри мисли:
љубов, почитување, благодарност итн., а на други лоши мисли, како што се
омраза, тага, грижа, завидливост... По извесно време истата вода била
замрзнувана на -25оС и по 3 часа смрзнатите кристали биле набљудувани под
микроскоп. Во садовите кон коишто биле упатувани добри вибрации и позитивна
енергија се формирале преубави кристали со правилни форми, додека во другите
садови било забележливо отсуството на кристали или тие биле формирани
половично.
Друг
експеримент бил вршен на водата од браната Фуџивара во Јапонија. Од езерото бил
земен примерок и истиот бил замрзнат. Кристалите што се формирале со
замрзнувањето микроскопски биле испитувани, при што се утврдило дека имаат
неправилна форма. Кога истата таа вода била третирана од свештено лице со
позитивни мисли (со упатување молитва), формата на кристалите се сменила,
односно, се формирале кристали со прекрасна форма. Кога се упатува молитва кон
водата, таа потполно го менува својот квалитет.
Водата
има меморија и моќ да ја предава својата енергија на водата со која ќе стапи во
допир. Ако само една чаша „осветена вода“ ставите во едно буре обична вода, ќе
дојде до промена на квалитетот и обичната вода ќе ги прими својствата на
„осветената“ вода. Освен Емото, вакви испитувања вршеле и некои руски научници.
Вршени се опити и со три чаши вода, ставени во три различни простории. Во
едната просторија биле присутни двајца вљубени кои си разменувале љубовни
пораки, во другата биле две личности кои воделе жестока расправија и зборувале
на висок тон, а во третата била пуштана силна непријатна музика. По
испитувањето било утврдено дека формираните кристали во секоја чаша биле
различни.
Ова
доведува до сознание дека квалитетот на водата се менува врз база на
вибрацијата (а тоа е информација) што ѝ се упатува. Водата најчесто ја пиеме
без размислување, со намена гаснење на жедта, односно ја пиеме без да ѝ
посветиме внимание и без да помислиме колку е важна за одржување на животот.
Кога пиеме вода треба постојано свесно да ѝ изразуваме почит и благодарност.
Структурата на водата се состои од еден дел кислород и два дела водород, па
според тоа може да се каже дека квалитетната вода е составена од еден дел љубов
и два дела благодарност. Токму затоа водата треба да ја пиеме изразувајќи ѝ
благодарност и љубов мислејќи на нешто убаво што во нас поттикнува пријатни и
среќни чувства.
Кога
веќе спомнавме дека нашето тело е составено од 80% вода, тогаш логично е по
запознавањето со овие примери да се запрашаме што се случува во него, ако
вибрациите создадени како последица на емоциите толку влијаат на водата! Така,
доаѓаме до заклучок дека треба секогаш да ги прифаќаме добрите мисли затоа што
на таков начин умот и телото стануваат сè поздрави. Кога упатуваме и прифаќаме
негативни мисли, се случува токму спротивното!
Извадок од „Најголемата вистинска тајна на светот“ од македонскиот писател Ниче Димовски