Веќе и да го нема гласот со кој се изговара најубавиот збор - „ТЕ САКАМ!“
Кога последен пат сме кажале „ТЕ САКАМ“, на било кого и за било што?
И тогаш, со каква желба сме во исчекување, некој да ни каже „ТЕ САКАМ !“Зборот „ТЕ САКАМ“ , е љубов која се мултиплицира и се распрснува на сите страни за повторно да ни се врати.
Уште денес кажете си ТЕ САКАМ, а потоа:
- кажете им на вашите најмили ,
- кажете им на вашите пријатели и непријатели,
- кажете му на секој Македонец,
- кажете им на сите кои ја сакаат Библиска Македонија,
- кажете му секому кој ja сака оваа Планета,
- кажете му на секој човек,
- кажете им на сите оние кои патуваат во овој величенствен миг со вас , по патот наречен ЖИВОТ!
Уште денес испратете ја оваа порака како безвремена ЉУБОВ на оние кои ги почитувате, а тие оваа мисла преточена во енергија ќе ја препратат до оние кои тие ги почитуваат, и се така до бескрај, за да се засакаме сите на оваа ПЛАНЕТА!
До тебе кој ова го читаш,
Со љубов од Ниче – Македон
No comments:
Post a Comment